
Започнуваме нова приказна во 2022. Отсега сите наши верни читатели на издавачката куќа Бата прес имаат можност да собираат поени и со тоа да стекнат привилегија да ги купат нашите книги по намалена цена.
Како се собираат поените?
Откако ќе се регистрирате во програмата, секоја купена книга во издание на Бата прес ќе ви носи 10% од износот во поени. На пример, доколку купите книга од 500 денари = 50 поени. Тие поени можете да ги искористите за попуст или ако соберете доволно поени да ја платите целата книга во поени. Кога купувате 1 поен = 1 денар. Поените се додаваат автоматски на вашиот профил.
Сакам да купувам директно од книжарница. Дали и од таму се собираат поени?
И ние ги сакаме книжарниците. Затоа имате можност да соберете поени по истиот принцип, со тоа што ќе ни ја испратите вашата фискална и вашето корисничко име на info@batapress.mk. Ние потоа ќе ги внесеме добиените поени на вашата корисничка сметка.
Има ли други начини за собирање поени?
Има уште неколку начини за собирање поени и тие се алтернативни начини за собирање поени и ќе се менуваат повремено. На пример, доколку препорачате на пријател/ка по мејл и таа личност купи директно од линкот што е на мејлот, вие ќе добиете 100 поени, бидејќи благодарение на вашата препорака некој купил наша книга. Друг начин е да го внесете вашиот роденден. Со самото внесување добивате 10 поени, а на денот на вашиот роденден ќе добиете подарок 100 поени. Овие правила може да се менуваат, додека правилото со 1 добиен поен на сума од 10 денари е константна.
Како да се регистрирам?
Штом ќе дојдете на нашата веб страница, ќе ви се појави иконче во форма на подарок, треба да кликнете на него и потоа многу лесно може да креирате профил.
За сите прашања, слободно контактирајте нè на нашиот телефонски број, исто така на Viber, Whatsapp, Facebook, Instagram и Twitter.