Сите птици распеани

  • Сите птици распеани

Вознемирувачко, прекрасно, ужасно и емотивно – сето тоа заедно. Одамна не сум прочитал нешто толку силно и оригинално. Извонредно значајна книга. Ентони Каминс, Literary Review   Џејк Вајт живее на тажен, речиси пуст остров блиску до британскиот брег. На чобанката со машко име Џејк единствено друштво на островот ѝ е нејзиното куче, што таа го вика едноставно – Пес. Неволјите се појавуваат кога некој или нешто почнува да ги убива нејзините овци.  Напнатата сторија за Џејк се одвива низ двојна нарација. Додека настаните во нејзиниот живот на островот се одвиваат хронолошки, епизодите од нејзиниот дотогашен живот се прикажуваат низ флешбек, откривајќи злокобни и заканувачки детали од нејзиното минато. Тоа го вклучува и времето кое го поминала стрижејќи овци во западна Австралија, мачниот пресврт во судбината што ја натерал да се занимава со проституција и трауматичните искуства што се главна причина за трајното искоренување и изолација на Џејк. Таа е прогонувана од минатото и истовремено е соочена со постојаната борба со сегашноста и затоа интензитетот и напнатоста во романот растат заканувајќи се дека ќе се судрат.        Длабоко вознемирувачки, напнат егзистенцијалистички трилер. Вајлд мајсторски гради атмосфера на сеприсутна закана, таа е експерт за замаглување на границите меѓу замислениот и вистинскиот ужас и за доловување на морална двосмисленост и нејасност. Но, тоа е всушност високата вредност на нејзината лирична проза, тоа е она што читателот го остава без здив. The Guardian   Стилот на Еви Вајлд е прецизен, жесток и поетичен и не е чудно што авторката со својата проза ги освои литературните критичари исто како и публиката. Станува збор за изнијансирано истражување на човечкото страдање и за жилавоста што произлегува од нешто длабоко, вознемирувачко, речиси настрано. Сосема заслужени пофалби за еден несекојдневен книжевен талент.  The Sunday Times   Впечатлив роман, со напната фабула и атмосфера што ќе ви предизвика студени морници.  New York Times Book Review - See more at: http://knigadodoma.mk/mk-MK/Book/Details/3266#sthash.kQ0yDYgR.dpuf

Напиши коментар

Note: HTML is not translated!
    Лошо           Одлично
  • Шифра на книгата: Product 8
  • Достапност: На залиха
  • 300MKD


Поврзани производи

Црвена како крв

Црвена како крв

Некогаш одамна живееше девојче што научи да се плаши. Бајките не почнуваат така, а Лумики не беше ка..

350MKD

Другиот град

Другиот град

Што би направиле кога би нашле книга која е влез во тајниот ноќен подземен свет, во она Второто нешт..

250MKD

Злосторството во еврејскиот кварт

Злосторството во еврејскиот кварт

ШОКАНТЕН ТРИЛЕР ВО КОЈ ЧЕСНОСТА, ОДЛУЧНОСТА И САМОДОВEРБАТА НА ИНСПЕКТОРОТ ЛАСКАНО, СЕ СООЧУВААТ СО ..

199MKD

Гробот на џелатот

Гробот на џелатот

Иса беше чуварот на гробиштата. Тој со едната нога кривеше. Не му сметаше тоа што криви туку го нерв..

250MKD

Гробот на џелатот  (Електронска книга)

Гробот на џелатот (Електронска книга)

Иса беше чуварот на гробиштата. Тој со едната нога кривеше. Не му сметаше тоа што криви туку го нерв..

250MKD

Другиот град  (Електронска книга)

Другиот град (Електронска книга)

Што би направиле кога би нашле книга која е влез во тајниот ноќен подземен свет, во она Второто нешт..

250MKD

Злосторството во еврејскиот кварт  (Електронска книга)

Злосторството во еврејскиот кварт (Електронска книга)

ШОКАНТЕН ТРИЛЕР ВО КОЈ ЧЕСНОСТА, ОДЛУЧНОСТА И САМОДОВEРБАТА НА ИНСПЕКТОРОТ ЛАСКАНО, СЕ СООЧУВААТ СО ..

199MKD

Црвена како крв  (Електронска книга)

Црвена како крв (Електронска книга)

Некогаш одамна живееше девојче што научи да се плаши. Бајките не почнуваат така, а Лумики не беше ка..

350MKD

Автор: Еви Вајлд