• Бруклин

Елис Лејси не може да најде добра работа во Ирска. Свештеникот Флуд ѝ нуди одлични можности за работа преку Атлантикот, во Големото јаболко. Во Бруклин. Елис не може без семејството и пријателите, ама сепак тргнува во потрага по подобар живот. Се качува на прекуокенаскиот брод за да заплови во водите на животот.

Таа вредно работи и учи во Америка, во ветената земја, ама носталгијата постојано расте. Еден ден го запознава Италијанецот Тони и тие се вљубуваат. Елис е пред ново искушение и мора да избере меѓу љубовта и родното место.

Незаборавен роман, натопен со човечка длабочина, забавен и вешто скроен... Чувствителен и неодолив портрет на една девојка чиј што мирен семеен живот се претвора во интересна љубовна романса. Ова е најпознатиот роман на ирскиот писател Колм Тојбин, со кој тој ја доби престижната награда Costa Book Award и беше во потесен избор за ексклузивната европска награда Booker. Според сценариото од оваа новела во 2015 година беше снимен и светски познатиот филм, кој што под истоимениот наслов „Бруклин“, доби три номинации за Оскар

Напиши коментар

Note: HTML is not translated!
    Лошо           Одлично

Бруклин

  • Шифра на книгата: мек
  • Достапност: 10
  • 199MKD