• Го сокрив мојот глас

Четиригодишниот Шаб сè уште не започнал да зборува. Докторот верува дека нема причина за загриженост. Сепак, Шаб е исмејуван од другите што сметаат дека е „нем“, односно „глуп“. Младиот Шаб не разбира што значи овој збор и мисли дека е комплимент, сè до денот кога неговиот братучед се мајтапи за да им докаже на сите дека детето е вистински идиот во маалото.

Кога мајката на Шаб, му го раскажува инцидентот на нејзиниот сопруг, Шаб е скршен од сознанието дека татко му, исто така мисли дека неговиот син е идиот и дека е срам за фамилијата. Набрзо Шаб открива дека љубовта и почитта на татко му е концентрирана кон неговиот постар брат Араш и неговата помала сестра Шеди.

Во неговиот длабоко повреден детски ум, почнува да верува дека „добрите“ и „интелигентните“ деца како неговиот постар брат се синови на татковците. Од друга страна, децата како него што се „несмасни“ и „проблематични“ се синови на мајките. Од тој момент, неговиот свет, што мислеше дека е исполнет со убавина и љубезност, одеднаш се претвора во суров, полн со гнев и навреди. Охрабрен од неговите двајца замислени пријатели, Аси и Баби, Шаб почнува да се нафрла, и да се одмаздува детски кон оние околу него.

Никој во семејството не може да го разбере дивото однесување на Шаб освен неговата баба по мајка, што изгледа го поседува разбирањето и љубезноста по која тој копнее. Поврзаноста што расте доведува до длабоко пријателство во кое на Шаб му е овозможено да искуси среќа и конечно да го најде својот глас.

Ова е приказна врз основа на факти, за момче коешто не можело (не сакало) да зборува до седум години. Сега, на дваесетгодишна возраст ги опишува случките во неговиот живот.

Паринуш Сание, авторката на мега популарниот бестселер „Запишано во ѕвездите“, (издание на „Бата прес“ од 2017) по трагите на оваа вистинска приказна ја открива трагичноста на патријархалните стеги и верскиот фанатизам во својата земја...

Напиши коментар

Note: HTML is not translated!
    Лошо           Одлично

Го сокрив мојот глас

  • Шифра на книгата: мек
  • Достапност: 10
  • 199MKD


Оваа книга има минимум примероци 10

Поврзани производи

Запишано во ѕвездите

Запишано во ѕвездите

Мазума никогаш не ја запозна слободата. Знае само да ги слуша браќата и татко ѝ. Знае и за ќотек, ко..

199MKD