• Саботна бура

Тинејџерката Каси порасна во Лајден, град помеѓу Хаг и Амстердам.

Но, нејзината мајка одеднаш одлучува да се преселат во мало село во

источна Холандија. Зошто? Каси не знае. Во селото се чувствува изгубе-

но и осамено. Работи во супермаркетот на алчниот, суров и лицемерен

господин Стру . Се обидува да заработи малку пари, за да може повре-

мено од заостанатото село да се врати назад во градот – кај нејзините

другари и пријатели.

Една сабота, кога заврши со работа, враќајќи се со велосипедот дома

каде што живее со мајка ѝ, времето е тмурно и тешко, а таа брза за да не

ја фати бура. Брзајќи накај дома, Каси е нападната од четири момчиња.

Едниот од нив е Едвин, синот на најмоќниот човек во селото. Додека се

обидува да избега од напаѓачите, се искачува до замокот на ридот каде

што сама живее една чудна жена. Децата ја викаат вештерка, но многу

луѓе ја сметаат за криминалец и тие мислат дека не ѝ е дозволено да го

напушти замокот...

Лошите работи некогаш можат да нè доведат до нешто убаво. А оние

луѓе што на прв поглед изгледаат чудно, па дури и опасно, можат да ни

станат најдобри пријатели. Дури и повеќе од тоа...

Во потрагата по семејните корени, се случуваат вистински драми, а

навлегувајќи во светот на возрасните, Каси ја доживува и својата прва

вистинска љубов.

„Саботна бура“ се занимава со прашањето да се бега или да се бори?!

Целата сторија е проникната со цивилизациските и современите дилеми

на западноевропските држави...


Име на авторот во оригиналот: Martine Glaser
Страници: 282
Повез: мек
ИСБН: 9786082530727
Оригинален наслов: De zaterdag van het onweer
Цена: 350 денари
Димензии: А5 (140 х 205)

Напиши коментар

Note: HTML is not translated!
    Лошо           Одлично

Саботна бура

  • Шифра на книгата: мек
  • Достапност: На залиха
  • 350MKD

  • Цена во поени: 100

Поврзани производи

Црвена како крв

Црвена како крв

Некогаш одамна живееше девојче што научи да се плаши. Бајките не почнуваат така, а Лумики не беше ка..

350MKD

Бела како снег

Бела како снег

Седумнаесетгодишната Лумики Андерсон се најде на улиците во Прага, во потрага по долго посакуваниот ..

350MKD

Дневникот на длабоките тајни

Дневникот на длабоките тајни

Возбудлив роман чие дејствие сe случува под староградските ѕидови во татковината на романтичарската ..

300MKD