• Манипулаторот

По сите индикатори, Гиљермо Розенсвајг е олицетворение на успехот. Тој е член

на гватемалската елита, има успешна адвокатска кариера, има жена и деца и низа

прекрасни љубовници. Меѓутоа еден ден патиштата му се вкрстуваат со либанската

заносна убавица Маријам, во која очајно се заљубува... до таа мера што кога во

моментот ја губи неа, тој не гледа друга опција освен да си ја инсценира сопствената

смрт.

Манипулаторот е роман базиран на бизарната вистинска животна приказна на Родриго

Розенберг, адвокат од Гватемала, кој во 2009 година, си го испланирал сопствениот

атентат, оставајќи зад себе видео во кое го обвинува претседателот на Гватемала,

Алваро Колом за неговото убиство.

Манипулаторот е фасцинантен опис на денешна Гватемала и корумпираната,

криминална и заканувачка реалност што се шири во општеството.

Дејвид Унгер (1950) е гватемалски писател и преведувач. Во 2014 година ја добил престижната национална на-

града за литература Miguel Ángel Asturias. Тој е автор на романите „Цената на бегството“ и „Проклетиот живот во

тропските краишта“. Негови кратки приказни се објавени во интернет магазините Words Without Borders, Guernica,

KGBBarLit, и Playboy Mexico. Има преведено четиринаесет книги од шпански на англиски. Живее со сопругата Ен

Гилман во Бруклин, Њујорк. Манипулаторот е неговиот последен роман – бестселер кој доживеа огромен интерна-

ционален успех.

Напиши коментар

Note: HTML is not translated!
    Лошо           Одлично

Манипулаторот

  • Шифра на книгата: мек
  • Достапност: 10
  • 400MKD

  • Цена во поени: 100

Поврзани производи

Танц во темнината

Танц во темнината

Единствена приказна за непријателските предели  што урбаните и технолошки свесните луѓе  н..

400MKD

До кога само лоши вести?

До кога само лоши вести?

Еден топол летен ден, малечката Џоана Мејсон со фамилијата полека се враќа дома по нивната патека. Е..

400MKD

Каменувана

Каменувана

БРУТАЛНО ЗЛОСТОРСТВОНа осамено место во еден парк, во шатор е пронајдено тело наубиена и каменувана ..

400MKD