• Јас не сум виновен за ништо

Тоде Блажевски, карикатурист, хуморист, есеист и аниматор е роден на 6 мај 1948 година во Скопје. Учел во основното училиште „Кочо Рацин“ – Скопје, средно во педагошката гимназија „Никола Карев“ – Скопје, а дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Со уметничка работа започнал да се занимава во јануари 1966 година, кога во весникот Студентски збор, ја објавил својата прва карикатура. Оттогаш сé до денес, црта карикатури, цртежи и стрипови, пишува хуморески, афоризми и есеи за карикатурата, изработува анимирани и цртани филмови и учествува на меѓународни фестивали и симпозиуми на карикатури слики фестивали на карикатури и хумор и фестивали на анимирани-цртани филмови во: Белгија (Кноке-Хеист), Бугарија (Софија), Естонија (Талин), Словачка (Братислава, Пиештани), Словенија (Љубљана), Србија (Белград, Јагодина, Заечар, Златибор), Турција (Истанбул, Анкара, Акшехир), Хрватска, (Загреб, Блато, Бјеловар, Славонски Брод), Македонија (Битола, Велес, Виница, Отешево, Скопје, Струмица) итн. 

Напиши коментар

Note: HTML is not translated!
    Лошо           Одлично

Јас не сум виновен за ништо

  • Шифра на книгата: мек
  • Достапност: 10
  • 150MKD


Автор: Тоде Блажевски