• Ангелите од Москополе

 Со романот Ангелите од Москополе Катја Максим нѐ враќа во едно минато, во за нас еден близок простор и на судбината на градот – трговски, стопански, културен и образовен центар на Власите што во времето на Османлиската Империја успешно опстојувал и соработувал со градовите и местата во Македонија, Албанија и Грција, но и пошироко со Венеција и Виена...

И самиот наслов е симболичен, ангелите вистински постојат во романот,  заљубените Алеку и Домника својата љубов сакаат да ја крунисаат со венчавка на црковниот олтар, но ја споделуваат трагичната судбина со градот чии жители организирано се борат против налетите на турскиот аскер под команда на Али-паша Јанински. Есента 1788 година, кога Империјата се чувствувала загрозена од Русија и востанијата на православните народи, за жал, ништо не можело да го спаси Москополе, неговата Академија, Палатата на челниците, Печатницата, многубројните цркви...

Ангелите од Москополе не е само еден восхитувачки документарен, историски роман, тоа е и прекрасна љубовна сага, а Катја Максим, напиша уште два романи посветени на Москополе, за чие објавување веќе ги обезбедивме правата...


Напиши коментар

Note: HTML is not translated!
    Лошо           Одлично

Ангелите од Москополе

  • Шифра на книгата: мек
  • Достапност: 10
  • 250MKD

  • Цена во поени: 100

Поврзани производи

Крвта не е ништо

Крвта не е ништо

Во едно општество во секој период можат да се јават мно- гу нови поети, но многу ретко се јавуваат п..

400MKD

Автор: Катја Максим