• Историја на економската мисла

Изданието на делото „Историја на економската мисла“ од Ангар Сандму, на македонски јазик, секако ќе си го најде местото како литература за студентите на економија, како и за постдипломски студии на универзитетите. Текстот е напишан разбирливо и читко, без вообичаените стереотипи, па би бил корисен и за учениците и за наставниот кадар во средните економски и другите средни училишта, но и за пошироката публика.   „Тешко би можело да се напише книга за историјата на економските идеи што би можела да го содржи развитокот на сите можни подобласти. Во секој случај, во тој потфат не би можел да се впушти само еден човек. Прашање е дали таква книга би имала многу читатели. Пос­кромната амбиција, што за читателите е поприфатлива, е изразена во приказот на развојот на науката во некои од централните области на економската теорија. Познавањето на историјата на економските идеи нѐ води кон појасно разбирање на економијата како наука во пос­тојан развиток, а со тоа и кон подлабок увид во тоа од што всушност се состои истражувањето. Лесно може да се случи, аисторискиот начин на кој обично се претставува економијата, оваа наука да ја прикаже како завршена и конечна. Меѓутоа, историјата на економските идеи нѐ учи дека оваа наука ја унапредувале токму оние што во неа ги забележувале грешките и недостатоците“, пишува меѓу другото авторот Сандму, по повод првото издание на оваа книга што веќе е преведена на англиски и на голем број јазици во светот и е ценета во научната јавност, како и на голем број американски, европски и други светски универзитети.   Агнар Сандму е роден на 9 јануари, 1938 година. Тој е познат норвешки економист, теоретичар  и почесен професор на реномираната висока школа за бизнис и економија во Берген, Noregs Handelshøgskole (NHH). Придонесол со бројни истражувања за разликите, прераспределбата, договорите за осигурување и даночните системи. Автор е на книгите The Public Economics of the Environment објавена во 2000 година, во издание на Оксфордскиот универзитет и Историја на економската мисла објавена од Универзитетот Принстон во 2011 година. Агнар Сандму е член на академиите на науките во Норвешка и Шведска.

Автор: Агнар Сандму

Јазик: Македонски

Година: 2018

Оригинален наслов: Samfunnsøkonomi - en idéhistorie 

Бр. на страници: 394

Димензии: Б6

Корица: мека


Напиши коментар

Note: HTML is not translated!
    Лошо           Одлично

Историја на економската мисла

  • Шифра на книгата: мек
  • Достапност: 90
  • 600MKD

  • Цена во поени: 200