• Камениот мост
На 4 јуни 1943 година, се откриени две мртви тела на Големиот камен мост во Москва. Како бомба одекнува информацијата за имињата на двајцата млади: Володја Шахурин кој потекнува од угледно семејство и е син на народниот комесар за авиоиндустрија и девојката со несекојдневна убавина Нина Уманскаја, ќерка на поранешен советски амбасадор во САД. Се разгласува верзија дека како кај „Ромео и Јулија“, момчето прво ја застрелало девојката, а потоа и самото се застрелало во слепоочницата.
Околу половина век подоцна, на пазар за стари работи, се продава уникатна фотографија од Нина и Володја. Авторот на романот се заинтересирал за едноставноста и нелогичноста за трагичната приказна за „московските Ромео и Јулија“. Тој почнува да истражува и да копа по стари документи и лични сведоштва... И доаѓа до вистината за овој настан, но и за животот и настаните во СССР во Втората светска војна и потоа.
Камениот мост е детална историска реконструкција на сталинистичката ера, од перспективата на една седумгодишна истрага за случајот како што го нарекол Сталин – „волчиња“. Во 1943 година, кога државата се бори против фашизмот на сите фронтови, децата на црвената аристократија сонуваат за моќ, го величаат германскиот рајх и сакаат внатре, во училиштето за децата на највисоките московски функционери да формираат своја „четврта империја“. 
Во Империјата на стравот, како што СССР од тоа време го нарекува авторот Терехов, „железните луѓе не оставиле деца, туку потомство...“ Вриело од агенти, шпионажа, политички убиства, атентати, масовни убиства... Јасно се отсликуваат и зачетоците на студената војна меѓу СССР и САД!

Оригинален наслов на книгата : Каменный мост
ИСБН : 9786082530457
Година на издавање : 2018
Издавачка куќа : БАТА ПРЕСС
Прегледaна: 7 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 540
Димензии : 21х13
Корица : мека
Јазик: MK

Напиши коментар

Note: HTML is not translated!
    Лошо           Одлично

Камениот мост

  • Шифра на книгата: мек
  • Достапност: 10
  • 500MKD

  • Цена во поени: 150

Автор: Александар Терехов