• Вселенски ангели

Паул е чувствителен младич со уметничка душа. Откако неговата девојка ќе го откачи, тој ќе полуди. Буквално ќе полуди. И можеби е нормално да се полуди за љубов и од неверство. Додека се губи некаде помеѓу разумот и срцето и полека тоне во депресијата, неговото семејство ќе го однесе во душевна болница. Пали е еден човек кој што е само малку налудничав. Или можеби, поинаков од другите. Несфатен. 

Иако овој роман ги опишува сите горчини на судбината на Паул, има и урнебесни ситуации, прикажани со извонреден хумор. Трагичен и комичен, фантастичен и вистински, романот „Вселенски ангели“ заслужено го импресионираше светот и го доби епитетот исландски класик. Всушност ова е една од најпродаваните книги во историјата на Исланд. Романот е преведен на 33 јазици и филмуван, а во 1995 година ја доби првата награда на Нордискиот совет за книжевност. 

Ејнар Мар Гудмундсон е роден 1954 година. Тој е еден од најпреведуваните современи писатели од Исланд. Започнал да објавува поезија во осумдесеттите години на минатиот век, а потоа во периодот од 1982 до 1986 година го издава познатиот роман – трилогија за развојот на урбаната култура во Рејкјавик и со неверојатните ликови од нејзината сегашност („Витезите од спиралните скалила“, „Шумот на крилјата во олуците“ и „Епилогот на дождовните капки“). Според романот „Вселенски ангели“ во 1999 година е снимен истоимениот филм. 

Ја објавил и трилогијата: „Стапки на небото“, „Соништа на земјата“ и „Безимени патишта“. 

Напиши коментар

Note: HTML is not translated!
    Лошо           Одлично

Вселенски ангели

  • Шифра на книгата: тврд
  • Поени за награда: 150
  • Достапност: 1
  • 350MKD

  • Цена во поени: 150

Поврзани производи

Крадецот на луридиум

Крадецот на луридиум

Дванаесетгодишниот Вилијам Вентон, не е како неговите врсници. Toj има чудесна моќ за откривање на ш..

350MKD

Тајниот портал

Тајниот портал

ВИЛИЈАМ ВЕНТОН, МОМЧЕТО СО ГЕНИЈАЛЕН ТАЛЕНТ ЗА ОДГАТНУВАЊЕ ШИФРИ, СЕ СООЧУВА СО НОВА ЗАКАНА Откако п..

350MKD