• Другиот град
Што би направиле кога би нашле книга која е влез во тајниот ноќен подземен свет, во она Второто нешто од Прага? Како да се побегне од неговите порти, да ги избегнете неговите ѕверки и војски, и на крајот на краиштата – да ја спасите онаа дневна, древна и вистинска Прага. Романот Другиот град говори токму за тоа.
Јунакот на романот во антикварница наоѓа книга напишана со непознато писмо и ја носи дома. Така почнува потрагата по непознат град кој живее во чудна симбиоза со Прага, а се наоѓа на нејзините рабови и на границата на познатите простори.
Нараторот ноќе лута низ градот, тогаш кога се буди другиот град, се сретнува со неговите жители, се бори со неговите ѕверки, бега пред вооружените борци, учествува во неговите прослави и дебатира со неговите свештеници. За сето тоа време се обидува да го сфати духот на тој град и да продре до неговото средиште, кое постојано му се измолкнува...
Другиот град е прекрасно дело на Михал Ајваз, кој е еден од најзначајните современи чешки и европски автори, роман во кој се преплетуваат реалното и  магиското, постојното и фантастичното. Прага, каква што ја познаваме од туристичките посети и разгледници станува мегдан за борбата меѓу доброто и злото. Станува збор за сега веќе класично дело што во Чешка ја доби престижната награда на издавачот Млада фронта и што е преведено на голем број европски и светски јазици.
„Необичната, заводлива приказна во романот Другиот град е сонлива, фантастична и нестварна. Станува збор за пат кој ви ја поместува рамнотежата, но истовремено и ве издига.“

  • 978−608−253−026−0
  • 21х13
  • Бата прес
  • 176
  • 2016

  • Напиши коментар

    Note: HTML is not translated!
        Лошо           Одлично

    Другиот град

    • Автор: Михал Ајваз
    • Шифра на книгата: Мек
    • Поени за награда: 150
    • Достапност: 20
    • 250MKD

    • Цена во поени: 100

    Поврзани производи

    Сите птици распеани

    Сите птици распеани

    Вознемирувачко, прекрасно, ужасно и емотивно – сето тоа заедно. Одамна не сум прочитал нешто толку с..

    300MKD

    Оваа слобода

    Оваа слобода

    Книга што нема да ви дозволи да ги задржите солзите во себе. Трагична, но не и патетична.Храбриот и ..

    200MKD

    Зоненшајн

    Зоненшајн

    Хаја е италијанска Еврејка која се заљубила во германски офицер. Една година подоцна добиваат син. Ш..

    600MKD

    Истоветниот пат на секојдневието

    Истоветниот пат на секојдневието

    Љубовта, созревањето и учењето на романската ученичка и студентка Летиција се носечка сторија во ром..

    500MKD

    Нултиот час

    Нултиот час

    Дали човек може да добие нова шанса кога најлошото, најстрашното, најдлабокото страдање веќе се случ..

    500MKD