• Зоненшајн

Хаја е италијанска Еврејка која се заљубила во германски офицер. Една година подоцна добиваат син. Шеесет и две години мајката го бара и го чека својот син Антонио (Ханс) откако нацистите од Горица, во близина на Трст, на границата меѓу Југославија и Италија, ѝ го грабнале уште како бебе во количка. При потрагата по својот син Хаја доаѓа до страшни документи, фотографии и сознанија за однесувањето на фашистите и нацистите, но и за нивните извршители од Украина, Словенија, Хрватска, Полска...  Зоненшајн е величествен роман за една голема, болна и премолчена тема на Втората светска војна, за деца оттргнати од своите родители и одгледувани за да станат ариевци. Низ судбината на една еврејска фамилија се разоткриваат заблуди, лични неуспеси и трагедии, кои зрачеле од најмрачните чудовишта од луѓе што испливале на површината, повеќе од кога и да било, токму во дваесеттиот век. Лебенсборн децата, депортациите и геноцидот над Евреите, логорите на смртта, есесовските одреди и историјата на Горица (Гориција) и тогашна Европа, литерарно, мајсторски и пластично се отсликуваат во Зоненшајн.    „...Повеќе од роман, ова е документ кој што треба да биде задолжителна лектира во средните училишта...“ Букбаг „Моќно, вознемирувачко и оригинално“ Њујорк журнал   Даша Дрндиќ во нејзиниот најпознат роман – отворено, без криење, со исклучително вешто спојување на вистинските документи, фотографии, пописи, искази на сведоци низ времето и значајни приказни за потрагата по изгубеното дете, обелоденува дел од длабоко криената лична и национална историја. Романот е добитник на бројни награди и признанија. Во 2007 година ја доби наградата Фран Галовиќ и наградата Киклоп за најдобро прозно дело на годината. Под насловот Трст во 2013 година, англиското издание ја доби наградата на Индепендент за најдобро дело од областа на белетристиката по изборот на читателите.  Даша Дрндиќ во 2014 година ја доби книжевната награда „Прозарт“ доделена од меѓународниот фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ за авторски придонес кон балканската книжевност. - 


  • 9786082530185
  • 13х20
  • Бата прес
  • 446
  • 2016

  • Напиши коментар

    Note: HTML is not translated!
        Лошо           Одлично

    Зоненшајн

    • Шифра на книгата: мек
    • Поени за награда: 400
    • Достапност: 8
    • 600MKD

    • Цена во поени: 600

    Поврзани производи

    Сите птици распеани

    Сите птици распеани

    Вознемирувачко, прекрасно, ужасно и емотивно – сето тоа заедно. Одамна не сум прочитал нешто толку с..

    300MKD

    Другиот град

    Другиот град

    Што би направиле кога би нашле книга која е влез во тајниот ноќен подземен свет, во она Второто нешт..

    250MKD

    Оваа слобода

    Оваа слобода

    Книга што нема да ви дозволи да ги задржите солзите во себе. Трагична, но не и патетична.Храбриот и ..

    200MKD

    Истоветниот пат на секојдневието

    Истоветниот пат на секојдневието

    Љубовта, созревањето и учењето на романската ученичка и студентка Летиција се носечка сторија во ром..

    500MKD

    Нултиот час

    Нултиот час

    Дали човек може да добие нова шанса кога најлошото, најстрашното, најдлабокото страдање веќе се случ..

    500MKD