• Десет илјади љубовници

Лили е млада студентка – што се вратила од Канада и ги истражува јазикот, убавините и ужасите на родната земја. Таму го запознава човекот од своите соништа.

Поранешниот актер Ами е згоден, интелигентен и возбудлив. Тој како и неговата преубава земја е под притисок и има една тешка професија: тој е воен иследник.

Додека љубовта на Лили и Ами неочекувано цвета, над неа се надвива сѐ потемна сенка – проблемот што го наметнува работата на Ами.

Во денешниот свет каде што опасноста, тероризмот и можноста од избувнување војна чинат дел од животот, овој роман е блескаво и ужасно актуелен. Па сепак, дејствието во романот Десет илјади љубовници се случува во Израел во седумдесеттите години на дваесеттиот век: сјајна позадина за универзалната приказна за страста, страдањето и чудесната моќ на љубовта.

„Едит Равел е остроумен и сочувствен раскажувач.“

Sunday Herald

„Извонредно... задолжителна лектира за сите оние што сакаат љубовни стории и што се грижат за правдата, човечноста и состојбата во современиот свет.“

Quill and Quire

„Храбар прв роман... се чита без здив... на прв поглед едноставните и непосредни реченици на Равел често одекнуваат со бројни значења, можности и иронија... маѓепсуваат и продираат... прекрасен и смел роман.“

Globe and Mail, Toronto

Напиши коментар

Note: HTML is not translated!
    Лошо           Одлично

Десет илјади љубовници

  • Шифра на книгата: мек КДС
  • Поени за награда: 100
  • Достапност: Распродадено
  • 199MKD

  • Цена во поени: 100

Поврзани производи

Злосторството во еврејскиот кварт

Злосторството во еврејскиот кварт

Полицискиот инспектор Ласкано, разочаран и изгубен по смртта на сопругата Мариса потполно ѝ се преда..

199MKD

Во времето на љубовта

Во времето на љубовта

Љубов – кој би можел да ги пресмета нејзините промени, да ја измери нејзината сила, да ѝ ги открие м..

199MKD

Снеговите на љубовта

Снеговите на љубовта

Една снежна ноќ, додека во блескавата Москва одекнуваат нотите на Чајковски, младиот царски офицер С..

199MKD