• Мистеријата на пасијансот

– Зарем никогаш не си размислувал за себе да најдеш некоја нова жена наместо да потрошиш половина од својот живот за да ја најдеш онаа што уште не се нашла себе? Прво остро се насмеа, а потоа рече:   – Можам да се согласам дека тоа е помалку мистериозно. На оваа планета живеат пет милијарди луѓе. И тогаш човекот ќе засака некое одредено суштество и не сака да го замени со ниедно друго.

Вакви филозофски мисли си разменуваат таткото и синот, додека со автомобил патуваат, од Норвешка во Грција, во потрага по мајката на детето. Едно човече – џуџе, на детето му подарува лупа, а еден пекар му дава колаче – земичка, со таинствена минијатурна книга, која раскажува за морнарот кој заринкал на пуст остров во 1790 година... Шпил карти, кои, понесени од фантазиите почнуваат да живеат сопствен живот. Џокер – палавко, кој гледа предлабоко и премногу.

Тоа се компонентите на една фасцинантна приказна во приказна, во која брилијантно се мешаат фантазијата и реалноста, минатото и сегашноста. Ова е едно од најпознатите дела на најпродаваниот автор во светот за 1995 година.

Јустејн Гордер (Jostein Gaarder) роден 1952 година е норвешки интелектуалец и познат светски автор на новели, кратки приказни и романи за деца. Гордер е роден во Осло. Студирал скандинавски јазици и теологија на универзитетот во Осло. Книгата Мистеријата на пасијансот (Kabalmysteriet) е преведена на 45 јазици и е едно од најпознатите негови дела. Гордер има уникатен стил на пишување. Тој пишува од детска перспектива истражувајќи го детското љубопитно и необично чувство за светот. Гордер во неговите дела често користи метафикција и конструира приказни во приказна. Како филозоф и интелектуалец во своите дела најчесто поставува прашања за постоењето, универзумот, човештвото, љубовта, но сето тоа многу суптилно го пренесува низ нарацијата. 

  • ISBN
    978-608-4654-70-4
  • Димензија
    130x195
  • Издавачка куќа
    Бата прес
  • Број на страни
    336
  • Година на издавање
    2015
  • Нарачки со картичка: http://knigadodoma.mk/mk-MK/Book/Details/12#sthash.3aQOq2xP.dpuf

    Напиши коментар

    Note: HTML is not translated!
        Лошо           Одлично

    Мистеријата на пасијансот

    • Шифра на книгата: Книга
    • Достапност: 100
    • 350MKD


    Поврзани производи

    Големата љубов на Дон Жуан и малата балканска војна

    Големата љубов на Дон Жуан и малата балканска војна

    „...Низ приказната ја следиме судбината на Јан Брукнер низ три временски периоди – пред, за в..

    300MKD

    Автор: Јустејн Гордер