• Оваа слобода

Книга што нема да ви дозволи да ги задржите солзите во себе. Трагична, но не и патетична.  Храбриот и силниот Капело, во автобиографската новела, ја прифаќа  судбината, онаква каква што е.    „Слобода е збор без тело. Како душа. Како љубов.“   Капело раскажува за своето детство, за откривањето на книгите, пропаѓањето во вителот на инвалидитетот и очајот и борбата да ја надмине реалноста за повторно да најде надеж и волја за живот. Читањето и моќта на имагинацијата му овозможуваат на нараторот врзан за кревет, во тело што не го препознава како свое, да најде нови начини да се чувствува и да живее слободно, и покрај физичките ограничувања што му ги наметнува предавничкото тело. Романот Оваа слобода, микрокосмос што ја претставува човековата состојба, според жири-комисијата за наградата „Терцани“, раскажува за „процесот на едно лично достигнување што, поради својата егзистенцијална суштина и поради врската со еден конкретен историски и географски контекст, поврзува една лична приказна со искуството на цел еден колектив. Слобода е достигнувањето на оној што не ѝ се препушта на малодушноста и знае како да реагира, прифаќајќи го животот поради она што сè уште може да го пружи...“ Пјерлуиџи Капело, фурланскиот „поет на носталгијата“, е еден од најзначајните гласови на современата италијанска поетска панорама. Роден е во Џемона дел Фриули во 1967 година, но потекнува од Кјузафорте, каде што го поминал детството. Го има преживеано големиот земјотрес во Фурланија во 1976 година, а на шеснаесетгодишна возраст, по тешка сообраќајна несреќа на мотор, останува во инвалидска количка. - See more at: http://knigadodoma.mk/mk-MK/Book/Details/3265#sthash.MPNI6JAZ.dpuf

Напиши коментар

Note: HTML is not translated!
    Лошо           Одлично

Оваа слобода

  • Шифра на книгата: мек
  • Поени за награда: 100
  • Достапност: 1000
  • 200MKD

  • Цена во поени: 200

Поврзани производи

Рецепт за осамени срца

Рецепт за осамени срца

ТРИ ВОЛШЕБНИ ГРАДОВИ... ПАРИЗ, ИСТАНБУЛ И ЊУЈОРК ПОМЕШАНО СО СОСТОЈКИ И РЕЦЕПТИ НА ВКУСНА ХРАНА КОЈА..

300MKD

Солитерот титаник

Солитерот титаник

Дали се сеќавате на едно време кога сѐ беше така едноставно, безгрижно, а поради тоа и убаво? А пото..

200MKD

Другиот град

Другиот град

Што би направиле кога би нашле книга која е влез во тајниот ноќен подземен свет, во она Второто нешт..

250MKD

Големата љубов на Дон Жуан и малата балканска војна

Големата љубов на Дон Жуан и малата балканска војна

„...Низ приказната ја следиме судбината на Јан Брукнер низ три временски периоди – пред, за в..

300MKD

Автор: Пјерлуиџи Капело