• Бела како снег
Седумнаесетгодишната Лумики Андерсон се најде на улиците во Прага, во потрага по долго посакуваниот мир далеку од љубопитните очи, семејните тајни и од суровиот господар на подземјето. Меѓутоа, брзо по доаѓањето, ја запознава младата и преплашената девојка Ленка, која тврди дека е нејзина одамна изгубена сестра. Лумики ќе се вплетка во неверојатна и несфатлива игра на медиумските манипулации и на верскиот култ Бела фамилија, кој е поопасен отколку што некогаш можеше да замисли.
И додека полека ја открива вистината, животот на Лумики повторно ќе се најде во смртна опасност и овој пат сфаќа дека мора да побара помош за да побегне од прогонителите, да го спаси својот и животот на Ленка и да ги разоткрие грозоморните тајни што ги крие добро организираната верска секта...
Сала Симука (1981) е финска авторка на романи за млади. Студирала нордиска филологија и книжевност, креативно пишување и родови студии на Универзитетот во Турк. Живее во Тампере и е добитничка на престижната награда Topelius Prize за најдобар фински роман за млади во 2013 година.
Трилогијата романи Снежана (Црвена како крв, Бела како снег и Црна како абонос) стана книжевен феномен веднаш по нивното објавување, а наскоро се очекува и премиера на овие светски бестселери на филмското платно во Холивуд. Авторските права за романите досега се продадени во 52 земји во светот.
  • 9786082530390
  • 13х21
  • Бата прес
  • 224
  • 2017

  • Напиши коментар

    Note: HTML is not translated!
        Лошо           Одлично

    Бела како снег

    • Шифра на книгата: мек
    • Достапност: 8
    • 350MKD

    • Цена во поени: 100

    Поврзани производи

    Црвена како крв

    Црвена како крв

    Некогаш одамна живееше девојче што научи да се плаши. Бајките не почнуваат така, а Лумики не беше ка..

    350MKD

    Малечката Кираз

    Малечката Кираз

    Кираз, е една млада девојка, која не го сакаше начинот на живот што го водеше нејзиното семејство и ..

    350MKD

    Црна како абонос

    Црна како абонос

    Во приказните, исто како и во вистинскиот живот, сѐ што е скриено сака да биде најдено. Клучот чекаш..

    350MKD

    Младата Кираз

    Младата Кираз

    Во животот на Кираз, која зад себе ги остава разочарувањатаод минатото и со надеж гледа кон иднината..

    350MKD

    Саботна бура

    Саботна бура

    Тинејџерката Каси порасна во Лајден, град помеѓу Хаг и Амстердам.Но, нејзината мајка одеднаш одлучув..

    350MKD