ШОКАНТЕН ТРИЛЕР ВО КОЈ ЧЕСНОСТА, ОДЛУЧНОСТА И САМОДОВEРБАТА НА ИНСПЕКТОРОТ ЛАСКАНО, СЕ СООЧУВААТ СО БРУТАЛНАТА ДИКТАТУРА И КОРУПЦИЈАТА НА РЕЖИМОТ Полицискиот инспектор Ласкано, разочаран и изгубен по смртта на сопругата Мариса потполно ѝ се предава на работата. Тоа е единствен начин да преживее во градот и земјата во која владеат насилство и хаос. Станува збор за Буенос Аирес во 1979 година, времето кога воената хунта во Аргентина го мачи, убива и без трага го снемува секој што го смета за дисидент. Ноќните рафали, корупцијата во полицијата и антисемитизмот се дел од секојдневниот живот кога Ласкано ја почнува истрагата за речиси рутинското убиство. Истовремено ја сретнува младата герилка Ева чија што сличност со неговата покојна жена е неверојатна…   Ернесто Маљо – Ernesto Мallo (1948) е аргентински писател, новинар, колумнист и есеист. Порано бил револуционер (припадник на Герилското движење Монтонерос) и бил противник на диктатурите во Аргентина и другите земји во Јужна Америка. Неговиот прв роман Злосторството во еврејскиот кварт е дел од трилогијата за полицискиот инспектор Ласкано, според кој во Аргентина веќе е снимен и филм. Под насловот La aguja en el pajar(Игла во сено)  овој роман ја добил престижната награда Memorial SilverioCanada за најдобар роман на Noir фестивалот во Хихон.  - See more at: http://knigadodoma.mk/mk-MK/Book/Details/3079#sthash.zCxE2dn9.dpuf

Напиши коментар

Note: HTML is not translated!
    Лошо           Одлично

Злосторството во еврејскиот кварт

  • Шифра на книгата: SAM1
  • Поени за награда: 100
  • Достапност: 499
  • 199MKD

  • Цена во поени: 199

Поврзани производи

Сите птици распеани

Сите птици распеани

Вознемирувачко, прекрасно, ужасно и емотивно – сето тоа заедно. Одамна не сум прочитал нешто толку с..

300MKD

Гробот на џелатот

Гробот на џелатот

Иса беше чуварот на гробиштата. Тој со едната нога кривеше. Не му сметаше тоа што криви туку го нерв..

250MKD

Автор: Ернесто Маљо