• Зелени јаболка

Назим Хикмет е еден од најпознатите турски писатели. Неговите книги се преведени на повеќе од педесет јазици.  Книгоиздателството Бата прес објавува седум тома од избраните дела од Назим Хикмет, а претходно, како посебни изданија ги обjави драмата „Ферхад и Ширин“ (Ferhad ile Şirin), во превод на Асуде Абдул Кочан и поетската книга „Последни песни“ (Son Şiirleri), во препев на Марија Леонтиќ. Првиот том од избраните дела, романот „Крвта не е ништо“, (Kan Konuşmaz) го преведе Асуде Абдул Кочан.  Вториот том, под наслов „Националноослободителната борба“ (Kuvâyi Milliye) го препеа Нејат Селман. Во овој том се поместени и стихозбирките „Песни напишани за Пираје - меѓу 21 и 22 часот“ (Piraye Için Yazılmış Saat 21-22 şiirleri), „Од четирите затвори“ (Dört Hapishaneden) и „Рубаи“ (Rubailer), исто така во препев на Нејат Селман.  Третиот том е насловен „Зошто се самоуби Бенерџи“, (Benerci Kendini Niçin Öldürdü?) според истоимената поема поместена внатре во книгата, а ја преведе Фахри Али. Во третата книга се поместени и стихозбирките „Телеграмата што пристигна ноќе (Gece Gelen Telgraf) „Портрети“(Portreler), Писма до Таранта Бабу (Taranta Babu'ya Mektuplar), Еп за шеикот Бедредин, синот на кадијата од Симавне (Simavne Kadısı Oğlu Şeyh Bedreddin Destanı).  Стиховите во четвртиот том под наслов „Лежи во калето во Бурса“ (Yatar Bursa Kalesinde) ги препеа Дрита Карахасан.  Во петтиот том под наслов „Приказни, раскази, хроники, анегдоти“ (Masallar hikayeler 1) се поместени текстови што ги објавувал Назим Хикмет во весниците и списанијата во Турција меѓу двете светски војни. Автор на преводот е Дрита Карахасан.  Шестиот том во кој се поместени пет избрани драми од Назим Хикмет, носи наслов Јусуф и Менофис (Јusuf ile Мenofis). Автор на преводот е Дрита Карахасан, а во овој том покрај насловната драма се поместени и драмските текстови „Човештината не умре“ (İnsanlık Ölmedi ya), „Слатки сoништа“ (Allah Rahatlık Versin). Кога се уриваат домовите (Evler Yıkılınca) и Дали Иван Иванович постоеше или не? (İvan İvanoviç Var mıydı Yok muydu?). Во овој, седми и последен том од избраните дела ги објавуваме романите „Зелени јаболка“ (Yeşil Elmalar) и „Право на живот“ (Yaşamak Hakkı). Овие дела ги преведе Ајсан Есад  Нарачајте на: http://knigadodoma.mk/mk-MK/Book/Details/532#sthash.J1zJh68k.dpuf

  • 9786084654643
  • 25
  • Бата прес
  • 224
  • 2014
  • - See more at: http://knigadodoma.mk/mk-MK/Book/Details/532#sthash.J1zJh68k.dpuf



    Напиши коментар

    Note: HTML is not translated!
        Лошо           Одлично

    Зелени јаболка

    • Шифра на книгата: Книга
    • Поени за награда: 300
    • Достапност: 10
    • 400MKD

    • Цена во поени: 400

    Поврзани производи

    Јусуф и Менофис

    Јусуф и Менофис

    5 драми во еден том напишани од еден од највлијателните писатели на 21 иот век..

    400MKD

    Крвта не е ништо

    Крвта не е ништо

    Во едно општество во секој период можат да се јават мно- гу нови поети, но многу ретко се јавуваат п..

    400MKD

    ПРИКАЗНИ, РАСКАЗИ, ХРОНИКИ, АНЕГДОТИ

    ПРИКАЗНИ, РАСКАЗИ, ХРОНИКИ, АНЕГДОТИ

    Назим Хикмет е роден во Солун на 20 ноември 1901 година, а умрел во Москва на 3 јуни 1963 година. Во..

    400MKD

    НАЦИОНАЛНООСЛОБОДИТЕЛНА БОРБА

    НАЦИОНАЛНООСЛОБОДИТЕЛНА БОРБА

    Во едно општество во секој период можат да се јават многу нови поети, но многу ретко се јавуваат пое..

    400MKD

    Зошто се самоуби Бенерџи?

    Зошто се самоуби Бенерџи?

    едно општество во секој период можат да се јават многу нови поети, но многу ретко се јавуваат поети ..

    400MKD

    Ферхад и Ширин

    Ферхад и Ширин

    Драмското дело „Ферхад и Ширин“ е обработка на познатата, стара турска приказна за несреќната љубов ..

    200MKD

    Автор: Назим Хикмет