• Национално-ослободителната борба

Во едно општество во секој период можат да се јават многу нови поети, но многу ретко се јавуваат поети кои донесуваат вистинска новина. Назим Хикмет со својата природна дарба внесе новина во турската поезија. А оваа новина ја прифатија многу поети. Ова го забележаа поетите и преведувачите кои работеа и живееја во различни земји и тие за да ја презентираат поезијата и поетската естетика на Назим Хикмет на своите читатели го преведуваа на различни јазици. Според Дитрих Гронау „Тоа што го направи Ататурк за општеството, тоа го направи Назим Хикмет за турскиот јазик: ослободување од тврдите османлиски правила и нивно надминување со една модерна флексибилност.“ Назим Хикмет со својата оригинална поетска нарација и израз со музикалност и ритам, со нова структура и теми отвори нов пат на турската поезија. Многу писатели восхитени од неговата поезија скришно го читаа и инспирирани од неговите песни почнаа да го примену- ваат слободниот стих. Иако неговата поезија и поетика доживуваше контрадиктор- ни критики, од најнегативни до најпозитивни, поетот не се откажа од својот творечки пат. Дури може да се каже дека поезијата му беше вечно верна друшка која не дозволуваше духот да му се скр- ши и во најкритичните мигови од неговиот живот. Поезијата исто така беше и негов најдобар другар и собеседник во неговата само- тија во затворските келии со години. Таа беше нишката преку која комуницираше со природата, животот, луѓето. Токму таа поезија напишана во затворските келии толку далеку од животот, најмногу зрачи со живот. Поетот со своите лирски песни кои го надминаа своето време стана универзален. Овие песни кои се карактеризираат со силен емотивен набој, излив на чувства од најразличен интензитет и го- лема искреност, ни дозволуваат да навлеземе во поетовиот емо- тивен, духовен, душевен и мисловен свет и да пронајдеме автоби- ографски елементи. Читателот додека ги чита лирските песни на поетот, всушност го чита неговиот живот. 


  • ISBN
    9786084654308
  • Димензија
    25
  • Издавачка куќа
    Бата прес
  • Број на страни
    202
  • Година на издавање
    2013




  • Напиши коментар

    Note: HTML is not translated!
        Лошо           Одлично

    Национално-ослободителната борба

    • Шифра на книгата: мек
    • Достапност: 1
    • 400MKD

    • Цена во поени: 100

    Поврзани производи

    Јусуф и Менофис

    Јусуф и Менофис

    5 драми во еден том напишани од еден од највлијателните писатели на 21 иот век..

    400MKD

    Приказни, раскази, хроники, анегдоти

    Приказни, раскази, хроники, анегдоти

    Назим Хикмет е роден во Солун на 20 ноември 1901 година, а умрел во Москва на 3 јуни 1963 година. Во..

    400MKD

    Зошто се самоуби Бенерџи?

    Зошто се самоуби Бенерџи?

    едно општество во секој период можат да се јават многу нови поети, но многу ретко се јавуваат поети ..

    400MKD

    Зелени јаболка

    Зелени јаболка

    Назим Хикмет е еден од најпознатите турски писатели. Неговите книги се преведени на повеќе од педесе..

    400MKD

    Лежи во калето на Бурса

    Лежи во калето на Бурса

     Едно општество во секој период можат да се јават мно-гу нови поети, но многу ретко се јавуваат..

    400MKD