• Вљубениот облак

...Девојката Ајше со врвовите на прстите му испрати еден бакнеж на облакот. Кога бакнежот на девојката стигна до облакот, тој прво се збуни. Но потоа се прибра, и се престори во облик на една голема роза. Откако небото е небо, немаше видено толку убава и голема бела роза на синото пространство. Додека Ајше полна со восхит ја набљудуваше розата, облакот повторно се помрдна, се рашири, се собра и се стори во облик на едно големо срце, значи повторно стана облак. Да не должиме, од тој ден натаму облакот не се одвојуваше од Ајше.“   „...Во ова книже, обработив на свој начин, некои сказни кои учениците на големиот турски фолклорист Боратав ги слушале од народот и ги собрале. „Зошто?“, ќе прашате. За да ги насочам тие сказни како одговор кон некои проблеми на денешнината, но без да ја имитирам техниката на сказните, иако тоа го имав пробано. Не знам дали моите сказни ќе ви се допаднат, но сигурен сум дека ќе ви се допаднат сказните собрани од Боратав. Добро е да се раскажуваат и слушаат сказни. Да почнам со раскажување: Си бил еднаш одамна...“   Назим Хикмет - See more at: http://knigadodoma.mk/mk-MK/Book/Details/11650#sthash.Btm3KodC.dpuf

Напиши коментар

Note: HTML is not translated!
    Лошо           Одлично

Вљубениот облак

  • Шифра на книгата: мек
  • Поени за награда: 75
  • Достапност: 10
  • 150MKD

  • Цена во поени: 150

Автор: Назим Хикмет