• Крадецот на луридиум

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ВИЛИЈАМ ВЕНТОН,  МОМЧЕТО ШТО ЈА ОТКРИ  НАЈГОЛЕМАТА ЗАГАТКА НА СВЕТОТ  

Дванаесетгодишниот Вилијам Вентон, не е како неговите врсници. Toj има чудесна моќ за откривање на шифри. Се обидува да разбере зошто неговото семејство пред неколку години било принудено да го промени идентитетот и во драматични околности да побегне од својот дом во Лондон и да се пресели во Норвешка, каде што живеат таен живот исполнет со страв.  Но неговиот генијален талент за разбивање на шифри е откриен и Вилијам Вентон се соочува со невидени опасности и суштества што со години чекале на него... Тој сепак е упорен во намерата да го пронајде својот мистериозно исчезнат дедо кој претходно основал и работел во уште помистериозен институт за постхумни истражувања. 

Крадецот на луридиум е прва книга од серијата за возбудливите авантури на младиот Вилијам Вентон. Веднаш по објавувањето книгата стана книжевен феномен и досега е објавена во 37 земји, а наскоро се очекува и холивудски филм.   

Боби Пирс (1974), норвешки сценарист и режисер, остави трага во историјата на норвешкиот филм кога во 2006 година ја освои Златната палма за сценарио и режија, а во 2015 година го објави романот за деца „Крадецот на луридиум“. Книгата во 2015 година ја освои угледната норвешка награда за детска книжевност Арк, а во 2016 година е прогласена за Книга на годината во Норвешка.     „Овој норвешки серијал може да стане новиот Хари Потер“ ВГ -

Нарачки со картичка: http://knigadodoma.mk/mk-MK/Book/Details/5485#sthash.zOeEDGgy.dpuf

  • ISBN
    978-608-253-041-3
  • Димензија
    21х13
  • Издавачка куќа
    Бата прес
  • Број на страни
    224
  • Година на издавање
    2017

  • Напиши коментар

    Note: HTML is not translated!
        Лошо           Одлично

    Крадецот на луридиум

    • Шифра на книгата: мек
    • Поени за награда: 200
    • Достапност: 10
    • 350MKD

    • Цена во поени: 350

    Автор: Боби Пирс