Селим Илери

Селим Илери
СЕЛИМ ИЛЕРИ е роден 1949 година во Истанбул. Првата книга раскази
„Cumartesi Yalnızlığı“ (Саботна осаменост) му се објавила на возраст од 19 години. Во 1972 година ги напуштил студиите на Правниот факултет при Истанбулскиот
универзитет. Во 1976 година со делото „Dostlukların Son Günü“
станал добитник на наградата за расказ „Саит Фаик“, а во 1977 година со делото 
„Her GeceBodrum“ ја доби наградата за роман на Институтот за тур-
ски јазик. Неговиот роман под наслов „Yaşarken ve Ölürken“
(1981) беше избран за роман на годината од страна на спи-
санието за уметност Милиет. Сценариото под наслов „Kırık
Bir Aşk Hikayesi“, од страна на филмските сценаристи беше
прогласено за најдобро сценарио за сезоната 1982-83. Со де-
лото „Mavi Kanatlarınla Yalnız Benim Olsaydın“ (1991) стана до-
битник на наградата за роман на Друштвото на писателите
на Турција. Претставата “Allahaısmarladık Cumhuriyet“ во
1977 година ги доби престижните награди „Афифе Жале“ и
„Авни Дилигил“. Во 1999 година, Селим Илери ја доби награ-
дата за култура и уметност за телевизија на Здружението на
новинари на Турција. Истата година, заради неговиот ангаж-
ман во радио, стана добитник на наградата Дијалог медиум.
Во 2001 година, се објави неговото дело „Bu Yaz Ayrılığın İlk
Yazı Olacak“, а во 2002 година истото дело беше наградено со
наградата за роман „Орхан Кемал“. Освен тоа, Селим Илери,
со неговиот есеј “Uzak, Hep Uzak“, во 2003 година ја доби на-
градата за книжевност „Седат Симави“, а во 2005 година, со
делото „İstanbul’un Sandık Odası“ стана добитник на награда-
та за областа мемоари-патеписи на Друштвото на писателите
на Турција. Во 2012 година, ја доби наградата „Ајдин Доган“.
Сите дела на Селим Илери се објавени од страна на Книго-
издателството Еверест.
Destan Gönülleri/Fotoğrafı Sana Gönderiyorum (џепно из-
дание) (2009), Annem İçin (2009), Kırık Deniz Kabukları (2009),
Son Yaz Akşamı (2009), Ay Işığı (2009), İstanbul İlk Romanımda
Leylak (2009), Yaşarken ve Ölürken (2009), Bir Akşam Alacası
(2010), Dostlukların Son Günü (2010), İlk Gençlik Çağına Öyküler
-1,2 (2010), Bu Yalan Tango (2010), Oburcuk Mutfakta (2010),
Kar Yağıyor Hayatıma (2010), Her Gece Bodrum (2010), Mavi
Kanatlarınla Yalnız Benim Olsaydın (2010), Gramafon Hala Çalıyor
(2010), Cemil Şevket Bey Aynalı Dolaba İki El Revolver (2011),
Solmaz Hanım Kimsesiz Okurlar İçin (2011), Daha Dün (2011),
Yağmur Akşamları (2011), Bu Yaz Ayrılığın İlk Yazı Olacak (2011),
Yarın Yapayalnız (2011), Hepsi Alev (2011), Bir Denizin Eteklerinde
(2012), Yaşadığım İstanbul (2012), Ölünceye Kadar Seninim (2012),
Hayal ve Istırap (2012).


Нема книги во оваа категорија.