Ахмет Умит

Ахмет Умит
Ахмет Умит е роден во 1960-тата година во Газијантепе. Дипломирал на Факултетот за државна администрација при Универзитетот Мармара. Во периодот помеѓу 1974 и 1989 година бил активен член на Комунистичката партија на Турција. За време на владеењето на воената хунта, од 1980 до 1990 година, се вклучува во забранетото Движење за демократијата. Некаде во средината на таа деценија, две години илегално престојува во Москва.
Од 1989-тата, објавил една збирка поезија, три книги кратки приказни, бајки и четиринаесет романи. Умит е еден од најпознатите турски современи писатели, а особено препознатлив станал по неговите маестрални крими романи. Потпирајќи се на уникатното и политичко и историско наследство на својата татковина, Ахмет Умит воодушевувачки умее да проникне во психата на своите ликови и создава драматични стории во кои политичките интриги се преплетуваат со возбудливи компоненти на трилер
Има една ќерка – Ѓул.

Кога дрвјата шепотат

Кога дрвјата шепотат

Дочекот на Нова година за полицајците во Истанбул секогаш претставуваше ноќен кошмар. Грабежи, пијан..

500MKD

Покажува 1 до 1 од 1 (1 Страни)