Даша Дрндиќ

Даша Дрндиќ
Даша Дрндиќ во нејзиниот најпознат роман – отворено, без криење, со исклучително вешто спојување на вистинските документи, фотографии, пописи, искази на сведоци низ времето и значајни приказни за потрагата по изгубеното дете, обелоденува дел од длабоко криената лична и национална историја.
Романот е добитник на бројни награди и признанија. Во 2007 година ја доби наградата Фран Галовиќ и наградата Киклоп за најдобро прозно дело на годината. Под насловот Трст во 2013 година, англиското издание ја доби наградата на Индепендент за најдобро дело од областа на белетристиката по изборот на читателите.
Даша Дрндиќ во 2014 година ја доби книжевната награда „Прозарт“ доделена од меѓународниот фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ за авторски придонес кон балканската книжевност. По кратко боледување почина на 05.06.2018 година.

Нема книги во оваа категорија.