Габриела Адамештеану

Габриела Адамештеану
Габриела Адамештеану (1942) завршила филологија и ра-
ботела во издавачки куќи (Научна и енциклопедиска изда-
вачка куќа и Романска книга). Го уредувала списанието 22
(септември 1991 – мај 2004) и, од мај 2004, Културен Бу-
курешт прилогот на истото списание. Романот Истовет-
ниот пат на секојдневието (Романска Книга, 1975), кој
ги доби дебитанската награда на Сојузот на романските
писатели и наградата на Академијата, беше преиздаден од
Издавачката куќа Еминеску (1978), Litera (1992), Култур-
ниот институт (2005), беше преведен на бугарски (Балка-
ни, 2007) и на француски во 2009 година. Книгата раскази
Подари си еден излетнички ден (Романска книга, 1979),
е преведен на руски (Радога, 1992), беше преиздаден во
2002 година од Паралела 45. Романот Изгубено утро (Ро-
манска книга,1984), награден од Сојузот на романските
писатели, беше драматизиран и режиран, во претстава
која стана класична. Во театарот „Буландра“ го постави
Каталина Бузојану (декември 1986). Изгубено утро дож-
ивеа други три изданија (Албатрос, 1991; Грамар, 1998;
Полиром, 2004) и беше преведен и објавен во Естонија
(Eesti Raamat, 1991), Франција (Галимард, 2005), Израел
(Nymrod Books, 2007), Бугарија (Балкани, 2007), Македо-
нија (Институт Евро-Балкан, 2012). Расказите од книгата
Лето-пролет (Романска книга, 1989) беа преведени на
германски, англиски, унгарски, холандски, руски и естон-
ски и беа објавени во антологии и списанија. Средбата
(Полиром, 2003, 2007); ја доби наградата на Весникот од
Јаши, Наградата на списанието Атенеу) беше објавен во
Бугарија (Панорама, 2005) и во Унгарија (Palamart, 2007).
Радио-адаптација на романот (април, 2007) беше режира-
на од Каталина Бузојану. Фрагменти од романот кој се пи-
шува, Провизорност, се објавија во американската анто-
логија Wards Without Borders: The World Through the Eyes
of Writers (Anchor Books, 2007). Од својата обемна публи-
цистичка активност во периодот по 1990 година, Габриела
Адамештеану објави две книги: Двете Романии (написи и
меморијалистички фрагменти, Европски институт, 2000)
и Политичката опсесија (интервјуа, Цлавис, 2005). Неј-
зините книги беа добро прифатени од критиката во Ро-
манија и во странство, а Изгубено утро влезе во училиш-
ните учебници. Има преведувано од Мопасан и Бјанчоти.

Истоветниот пат на секојдневието

Истоветниот пат на секојдневието

Љубовта, созревањето и учењето на романската ученичка и студентка Летиција се носечка сторија во ром..

500MKD

Покажува 1 до 1 од 1 (1 Страни)