Стејнар Браги

Стејнар Браги
Стејнар Браги е исландски писател, роден во 1975 година. Според мислењето на многу критичари, тој е еден од најзначајните современи исландски писатели. Првата збирка поезија, Svarthol („Црна дупка“) ја објавил на дваесет и три години, а неговиот прв роман Turninn („Кула“) е објавен во 2000 година. Дипломирал на Универзитетот Исланд, во областа на современата книжевност и филозофија. Неговата книга Konur („Жени“) објавена во 2008 година доби високи оценки од критиката, постигна комерцијален успех и беше номинирана за престижната награда на Нордискиот совет за книжевност. Во своите понови дела, пишува за моменталните случувања кои го погодуваат Исланд. Браги се смета за двигател на новиот бран меѓу младите исландски писатели.
Танц во темнината е прв роман од овој писател преведен на македонски јазик. Жанровски, романот е психолошки трилер, со силни елементи на мистерија, дури и хорор.

Нема книги во оваа категорија.