Нермин Безмен

Нермин Безмен
Нермин Безмен е родена 1954 година, во Турција, каде што и одраснала. Завршила општа средна школа во Хендерсон во Невада, која ја посетувала благодарение на програмата за размена на ученици. Откако завршила факултет, му станала секретарка на Памир Безмен, водечки индустријалец во државата и еден од малубројните Турци што се споменува во изданието на Кој е кој во светот. Се вљубиле еден во друг, се венчале и среќно живеат со својата ќерка Памира и со синот Памир Казим.
По активната и разновидна деловна кариера, нејзината свекрва Памтрес Шермин Безмен ја запознала со традиционалните турски уметности. Посетувала курсеви во Музејот на палатата Топкапи и на Академијата за фини уметности и завршила со сјајни оценки. Станала еден од пионерите на повторното оживување на минијатури и илуминации. Учествувала на дваесет и пет изложби, од кои девет се самостојни. Она што почнало како хоби, наскоро станало кариера во убавата уметност на реставрација, декоративно сликање и печат на свила на традиционален начин. Во својата работилница подучува шеесетина луѓе и држи часови и за мали деца, млади, ама и за возрасни дами, и во последните десет години од неа се обучиле стотици ученици.
Првиот допир со книжевноста го имала во 1991 година, кога ја објавила збирката песни Uyandiran ashk (Љубовта што буди). Веќе била
многу познат новинар и телевизиски водител, кога, по осум години истражување на своите корени во Крим, во Русија, Прусија, Романија
и Франција ја напишала својата прва историска сага настаната според вистински настани. Не изненадува што, со оглед на толку силен увид во страдањето, надежта, своеглавоста, гордоста и надменоста, длабоката љубов и болниот копнеж на нејзините предци, романот Снеговите на љубовта, објавен 1992 година станал национален бестселер, исто како и нејзиниот следен роман. По нив следуваше третиот, Mengene Gocmenleri (Имигрантите од Менгене), а потоа и четвртиот,
Zihnimin kanatiari (Ветровите на мојот ум). Памир Безмен, дипломец на колеџот Роберт, со диплома за индустриско инженерство и менаџмент
на Државниот универзитет во Оклахома, и кој имал врски, но многу кратко, со американскиот Стејт департмент и Обединетите нации како преведувач под договор, го превел романот Снеговите на љубовта на англиски и го објавил во Турција.

Снеговите на љубовта

Снеговите на љубовта

Една снежна ноќ, додека во блескавата Москва одекнуваат нотите на Чајковски, младиот царски офицер С..

199MKD

Покажува 1 до 1 од 1 (1 Страни)