Лудвиг Бауер

Лудвиг Бауер

Лудвиг Бауер (Ludwig Bauer) е роден 1941 година во Сисак. Дипломирал славистика во Загреб, а школувањето го продолжил во Братислава и Прага. Преведувал стручни дела и белетристика, бил професор и наставник во Загреб, Лондон и Вашингтон. Бил главен уредник на издавачката куќа „Глобус“ од Загреб и на книжевното списание Naša knjiga. Бил аналитичар на јавното мислење, колумнист, сценарист (меѓу другите, негови се сценаријата за епизодите на познатиот цртан филм „Професорот Балтазар“).

Првите прозни текстови ги објавил во Загреб, кон крајот на педесеттите години на минатиот век. Во 1973 година ја добил угледната награда за расказ на весникот Политика, објавил поголем број приказни за деца, а до сега објавил повеќе романи: „Трага во тревата“ (1984), „Трик“ (1985), „Доказ дека земјата е тркалезна“ (1987), „Бисери за Каролина“ (1997), „Партитура за волшебната фрула“ (1999), „Преведување на лирската поезија – Романето Буфо“ (2002), „Дон Жуановата голема љубов и малата балканска војна“ (2003), „Кратка хроника на семејството Вебер“ (1990), „Записите и времето на Никица Славиќ“ (2007), „Страдањата на Антоније Брабец“ (2008) и (2010), „Карусел“ (2011), „Кула од кисели јаболка“, (Toranj kiselih jabuka) автобиографски роман објавен 2013 година.

За романот „Роден крај, заборав“ (Zavičaj, zaborav) во 2011 година ја доби престижната награда „Меша Селимовиќ“ за најдобар роман, наградата „Фран Галовиќ“ за најдобро книжевно дело со роднокрајна тематика и најпрестижната хрватска награда „Киклоп“ за најдобар роман во 2011 година.

Негови дела се преведени на различни јазици, но најпопуларен е во Словачка, каде му се преведени 4 дела, а пишува и драмски текстови, од кои некои се на репертоарот на театрите – „Ангела му ја продава душата на Бога“, покрај во Хрватска е изведувана во Виена, во Братислава и во други градови во Словачка. Во 2012 година во превод на германски јазик под наслов Die Wahrheit über den Piratenkapitän Karvas (Вистината за гусарскиот капетан Карвас), се објавени негови прозни текстови за деца.

Меѓу другото ги има објавено и книгите за деца:

276

Parnjača Colombina, (1979), Poliglot i pas (1988), Tri medvjeda i gitara (1991), Ronilac bisera (2000), Istina o gusarskom kapetanu Karvasu (2001), Vještica Liza Hainburška (2002) Vila Zelenog jezera (2003) Morski igrokazi, lutkarski igrokazi (2005) Bajkoviti igrokazi, lutkarski igrokazi (2005), Krava voli lava (коавтор со M. Radnich) (2005), Maske do daske (коавтор со M. Radnich) (2006).

Лудвиг Бауер е член на Друштвото на хрватски книжевници (ДХК) и на Хрватското друштвото на писатели (ХДП) и постојано соработува со писателита, преведувачите и книжевните асоцијации од Словачка, Австрија, Германија и други земји и е добитник на голем број меѓународни награди и признанија.


Големата љубов на Дон Жуан и малата балканска војна

Големата љубов на Дон Жуан и малата балканска војна

„...Низ приказната ја следиме судбината на Јан Брукнер низ три временски периоди – пред, за в..

300MKD

Showing 1 to 1 of 1 (1 Pages)