Феридун Орал

Феридун Орал

Феридун Орал е роден 1961 година во Кирикале, Република Турција. Во 1985 година дипломирал на Факултетот за убави уметности на  Универзитетот во Мармара. Учествувал на многу изложби, биеналиња и натпревари во Турција и во странство. Илустрациите на авторот учествувале на изложбите под име „Изложба на илустратори“ кои се дел од Саемот за детски книги во Болоња,  кој се одржува секоја година во Италија и во 1986, 1992, 1993 и 1995 година биле вклучени во годишниот каталог на Саемот. Неговите дела беа исто така вклучени и во каталогот на изложбата „Светски слики на Пинокио“, одржан 1991 година во Падова, Италија. 

Со својата книга Духот на боровинката и Жолтоклуецот во 1992 година ја доби наградата за второ место на биеналето Noma-Concours во Јапонија, организирано од страна на UNESCO . Книгата беше објавена на јапонски јазик од страна на издавачката куќа Кагјуша и беше вклучена во лектирите на едно училиште во Нагасаки. На биеналето под име „Европски илустратори“ одржано во 2001 година во Јапонија, неговото дело Мачки од соништата беше наградено со Почесна награда. Неговата книга под наслов Црвено јаболко што за прв пат беше објавена во 2008 година, истата година од страна на IBBY Турција (Меѓународен одбор за книги за млади луѓе) беше избрана за “Најдобро илустрирана книга за деца на годината“. Досега е  објавена на англиски, германски, француски, шпански, каталонски, корејски, македонски и бугарски јазик. Откако од страна на издавачката куќа Winged Chariot, која ја имаше објавено на англиски јазик, беше префрлена и на ајпод платформата, стана и прва книга на турски јазик објавена на интернет. Неговата книга под име Малиот змеј и оризовата каша беше избрана од страна на IBBY Турција за “Најдобро илустрирана книга за деца на годината“ во 2012 година, а книгата Бувот со црвени крилја од страна на Здружението на изданија за деца и млади (ÇGYD) за “Најдобро илустрирана книга со сказни на годината“ за 2012 година.

Авторот се приклучи кон семејството на издавачката куќа Minedition, инаку важна и почитувана институција во областа на детските книги, каде што покрај објавувањето на неговата книга Црвено јаболко учествуваше и во илустрирање на детски книги од странски автори наменети за претшколска возраст. Во 2012 година беше поканет да учествува во изложбата на тема “Ариа“ организирана во Падова, Италија од страна на “Museo Diocesano”, а неговите дела беа вклучени во каталогот на изложбата.

Во 2012 година од страна на IBBY Турција беше кандидиран за меѓународната награда „Ханс Кристијан Андерсен“. Покрај пишување и илустрирање на книги за деца, уметникот се бави со пластична уметност, учествува на различни изложби и уметнички саеми, а продолжува да твори во своето ателје во Истанбул.


Бувот со црвени крилја

Бувот со црвени крилја

Еден малечок був многу сакаше да лета. Но наместо да бидат црвени и силни, неговите крилја беа бели ..

200MKD

Малиот змеј и оризовата каша

Малиот змеј и оризовата каша

Што ќе се случи доколку едно утро се разбудите и ви здодеало да ги правите истите работи секој де..

200MKD

Црвеното јаболко

Црвеното јаболко

Ова е приказна за другарството и единственото црвено јаболко        ..

200MKD

Showing 1 to 3 of 3 (1 Pages)