Пјерлуиџи Капело

Пјерлуиџи Капело

Пјерлуиџи Капело, фурланскиот „поет на носталгијата“, е еден од најзначајните гласови на современата италијанска поетска панорама. Роден е во Џемона дел Фриули во 1967 година, но потекнува од Кјузафорте, каде што го поминал детството. Го има преживеано големиот земјотрес во Фурланија во 1976 година, а на шестнаесетгодишна возраст, по тешка сообраќајна несреќа на мотор, останува во инвалидска количка. Излезот од својата состојба го наоѓа меѓу зборовите – прво преку читањето, а потоа и преку пишувањето.

Автор е на повеќе поетски збирки. Со Диптих (2004) станува добитник на наградата „Монтале“. За стихозбирката Став (2006) ги добива наградите „Пиза“ и „Багута“. Во 2008 година ја објавува својата прва збирка есеи, Богот на морето. Во мај 2010 година му излегува поетската збирка Испратете му абер на императорот, за која се закитува со наградата „Вјареџо-Репачи“. Три години подоцна го објавува своето прво белетристичко дело, автобиографскиот роман Оваа слобода, за кој во 2014 година ја добива наградата „Терцани“. Капело живее и твори во гратчето Тричезимо.


Оваа слобода

Оваа слобода

Книга што нема да ви дозволи да ги задржите солзите во себе. Трагична, но не и патетична.  Храб..

200MKD

Showing 1 to 1 of 1 (1 Pages)