Михал Ајваз

Михал Ајваз

Михаил Ајваз е чешки прозаист, поет, есеист и преведувач. Роден е 1949 година во Прага, каде што се школувал и дипломирал на бохемистика и естетика на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет. Извесно време бил уредник на списанието „Литерарни новини“„Literární noviny“, а сега работи во Центарот за теориски студии на Институтот за филозофија на Академијата за науки на Република Чешка. Добитник е на престижните книжевни награди: награда за книга на годината на издавачот Млада фронта за книгата Другиот град, годишната награда на Фондацијата „Чешки литературен фонд“ за книгата Тиркизен орел, наградата „Јарослав Сајферт“ за Празни улици, како и наградата „Магнесиа литера“ за книга на годината за делото Луксембуршкиот парк.

Неговите бројни дела со фантастична содржина (Návrat starého varana, Druhé město, Tyrkysový orel, Zlatý věk, Padesát pět měst, Cesta na jih, Lucemburská zahrada и други) што книжевната критика понекогаш ги поврзува со надреализмот и магискиот реализам се преведени на голем број европски и светски јазици.

Романот Другиот град  е прв роман од овој автор што е преведен на македонски јазик..

 

 

  


Другиот град

Другиот град

Што би направиле кога би нашле книга која е влез во тајниот ноќен подземен свет, во она Второто нешт..

250MKD

Showing 1 to 1 of 1 (1 Pages)