Гогољ

Гогољ
Николај Василевич Гогољ (руски: Николай Васильевич Гоголь) е роден во местото Сорочинци, во близина на градот Полтава, во истоимената губернија (сега во Република Украина) на 1 април 1809 година, а умрел во Москва на 4 март 1852 година. Основно образование стекнал дома, а од 1918 година учел во Полтава. Во 1821 година во Нежин запишал „гимназија на вишите науки“ по чие завршување и покрај сите препораки не успеал да најде соодветна служба во Петроград (денес Санкт Петербург).
Потоа заминал во странство, но по два месеци се вратил во Петроград, а во 1829 почнал да работи како службеник што му било инспирација за некои од многубројните ликови на бирократи во неговите дела. Се обидел да работи и во Александрискиот теaтар во Петроград, а потоа работел и како домашен учител. Бил и доцент по историја на Петербуршкиот универзитет, каде што не успеал и заминал во странство. Повеќе пати престојувал во странство и за сето време постојано творел. Се обидел да работи и како актер, а работел и како професионален писател. Се смета за еден од основачите на рускиот реализам, а заедно со Толстој и Достоевски, за еден од најзначајните претставници во 19 век. Бил современик и покрај другите, творечки соработувал со големиот поет и драмски писател Александар Сергеевич Пушкин, како и со писателот и познат книжевен критичар Висарион Григориевич Белински.
Н.В. ГОГОЉ
Од неговиот творечки опус најпознати се делата:
Вечери на чифлигот покрај Диканка (1831)
Арабески (раскази) (1832)
Миргород (1835)
Тарас Буљба (1835)
Женидба (комедија) (1835)
Ревизор (1836)
Мртви души (1842)
Повеста „Тарас Буљба“ е едно од најпопуларните дела
во руската литература од тоа време и по ликот на Тарас и
неговите синови се снимени играни филмови, а играни се
и театарски и балетски претстави. Комедијата „Ревизор“
и ден денес се игра на театарската сцена во многу театри
во Русија, Украина и во светот, а уште во 1949 година е
снимен и игран филм (The Inspector General) во САД, со
Дени Кеј во главна улога. За делото „Мртви души“ досега
се направени голем број на преводи и речиси не постои
јазик во светот на кој не е преведено ова дело. Направени
се голем број изданија, драмски претстави, филмови,
опера и други уметнички дела инспирирани од ова дело.
***
Како прилог кон кусата биографија на Гогољ, во
поговорот кон новото издание на „Мртви души“ на
македонски јазик, изнесуваме и неколку белешки во
врска со делото, како и белешки во врска со настанокот и
судбината на ова грандиозно дело кое ни по повеќе од век
и пол по неговото прво објавување не престанува да биде
привлечно за љубителите на книгата и зa вниманието
на книжевната критика во целиот свет. Синтагмата
’мртви души’ стана дел од литерарното, политичкото
и социјалното секојдневие, како жестока сатира која
на најилустративен начин ги опишува нештата што се
случувале, и уште се случуваат, насекаде, па и тука, кај нас.
Мртви души
Денешните асоцијации при споменување на синтагмата
„мртви души“ само ја потврдуваат длабочината на твореч-
киот дух на Гогољ и неговото познавање на менталитетот
на луѓето и на општествениот живот, особено на бирокра-
тијата и на власта.
Поднасловот поема во првото издание на „Мрт-
ви души“ (руски: ПОХОЖДЕНИЯ ЧИЧИКОВА или
МЕРТВЫЕ ДУШИ поема) покажува дека Гогољ делото го
замислил како епска поема во проза и како трилогија што
не успеал да ја заврши.
Првиот том Гогољ почнал да го пишува во 1835 година
и го објавил во 1842 година, како роман. Печатењето на
делото било придружено со големи тешкотии во однос
на цензурата која го обвинувала Гогољ дека „е против
бесмртноста“, затоа што според Библијата „мртва душа
не може да има“. Цензурата тврдела дека по примерот на
Чичиков и „ други би можеле да купуваат мртви души“.
За цензурата во Петроград особено била неприфатлива
„Повеста за капетан Копејкин“, во која со најжестока кри-
тика е прикажан лик од највисока доверба на царот.
Литерарната вредност, социјалната драма и сатирата
од „Мртви души“ беше поттик за неа многу поволно
да се искажат голем број на творци и литературни
критичари од предреволуционерна Русија (Пушкин,
Чернишевски, Белински, Херцен), а и во СССР неговото
дело беше величано како дело во прилог на тогашната
нова идеологија, па свои искажувања за делото има и
комунистичкиот водач Владимир Илич Ленин, а обидот
делото да се стави во служба на идеологијата е видливо
и во воведите и поговорите при преводите што за делото
се објавувани по Втората светска војна во земјите од
социјалистичкиот блок.
Вториот том на делото „Мртви души“, неговата
недовршеност и настаните што претходеле пред да се
појави, говорат и за трагичната животна судбина на Гогољ.
Работата над вториот том започнала во 1840 година. Но
Н.В. ГОГОЉ

некаде во средината на 1845 година Гогољ кој бил душевно
ослабен го изгорел ракописот на завршениот втор том. Во
1848 година Гогољ започнал да работи на втората редак-
ција на вториот том. Зимата 1851 година вториот том бил
речиси завршен и подготвен за печат, но веќе во октомври
истата година Гогољ се откажал од печатење, а на 11 фев-
руари 1852 година по втор пат го изгорел својот труд.
По смртта на авторот се пронајдени концептите и дело-
ви на првата и втората редакција на втората книга и тие се
објавени во 1855 година, во Москва.
Во ова издание го поместуваме и предговорот што
Гогољ го напишал за второто издание од првиот том на
„Мртви души“, со кој читателот ќе стекне подобар увид во
творечките и моралните дилеми што ги имал авторот при
градењето на многубројните ликови од оваа извонредна
книга.

Мртви души

Мртви души

„Мртви души“ е феномен кој и после 175 години од првото објавување се појавува во нашата средина. Во..

500MKD

Покажува 1 до 1 од 1 (1 Страни)