Максим Каранфиловски

Максим Каранфиловски

Проф. д-р Максим Каранфиловски е роден во Скопје на 4 март 1948 г. Основното и средното образование ги завршил во Скопје. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје во 1971 г., а во 1973 г. дипломирал и на Групата за македонски јазик. Во септември 1974 г. магистрирал на Филолошкиот фа-култет во Белград. Од 1 март 1975 г. е вработен на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, прво како асистент по граматика на рускиот јазик и историска граматика, потоа како предавач по руски јазик за нематични факултети. Во 1993 г. бил избран за доцент по граматика на рускиот јазик и историска граматика, во 1997 г. за вонреден професор по граматика на современиот руски јазик и контрастивна анализа на рускиот и на македонскиот јазик, а во 2002 г. е избран за редовен професор по истите предмети. До пензионирањето бил  и декан на Филолошкиот факултет, а ги водел и соработувал со лекторатите по македонски јазик во повеќе градови во Европа.


Македонистика и славистика

Македонистика и славистика

Книгата содржи 39 труда од областа на македонистиката и славистиката кои се групирани во 4 целини: м..

500MKD

Покажува 1 до 1 од 1 (1 Страни)