Ахмед Хамди Танпинар

Ахмед Хамди Танпинар

Ахмед Хамди Танпинар  (1901–1962) е турски писател и поет. Образованието го започнал во Истанбул, градот во кој што се родил, а го продолжил во неколку градови на источните граници на Османлиското Царство. На тринаесет години, во Мосул ја изгубил својата мајка. Смртта на неговата мајка кај него остава длабока трага која може да се почувствува и во неговите дела. Во 1919 година се запишал на студии на Истанбулскиот универзитет. Таму се вклучил во друштвото на писатели што го формирал неговиот професор Јахја Кемал, еден од најважните турски писатели од постоењето на Републиката. 

Во 1921 година ја објавил својата прва песна во весникот Дергах (Текија) кој го формирал Јахја Кемал. Како професор по книжевност работел во гимназиите во Ерзурум, Конија, Анкара и Истанбул. Во 1933 година станал предавач на академијата за убави уметности во Истанбул, а во 1939 година преминал на Истанбулскиот универзитет како професор по современа турска книжевност. Покрај тоа четири години бил пратеник во парламентот за градот Кахраманмараш. 

Негови најважни дела се романите: Спокој (1949) и Институт за регулирање на часовници (1961) збирката на есеи Петте града (1945 година), збирката раскази Соништата на Абдулах-ефенди (1942) и Летен дожд (1956) и Историјата на турската книжевност од 19. век (1949)


Петте града

Петте града

Книгата содржи пет есеи, патописи посветени на турските градови – Анкара, Ерзурум, Конија, Бурса и И..

300MKD

Покажува 1 до 1 од 1 (1 Страни)