Весна Костовска

Весна Костовска

Д-р Весна Костовска е вработена во Одделението за историја на македонскиот јазик при Институтот за македонски јазик од 1989 год. Во изминатиот период до денес е ангажирана на проектот „Речник на црковнословенскиот јазик од македонска редакција“. Во периодот од 2001 до 2004 год. е соработник на проектот „Лексиката во поетските творби на Климент Охридски“, а како резултат на проектот е објавена истоимената монографија во коавторство со д-р Стоја Поп-Атанасова.

Во 1997 год го одбранила магистерскиот труд под наслов „Лингвистичка анализа на Македонското четвороевангелие“, а во март 2013 год., докторската дисертација под наслов „Сложенките во македонските црковнословенски текстови“, под менторство на д-р Зденка Рибарова. 

Своите трудови Костовска ги објавува во списанијата Македонски јазик, Македонистика, Литературен збор, Кирилометодиевистика, Филолошки студии, Riječ, Studia linguistica Polono-Meridiano slavica, а резултати од своите истражувања има презентирано на повеќе научни собири: Hrvatski filološki skup (Opatija, 2002), 1st International seminar „Humanitaria“, (Ловеч 2004), XXXI Научна конференција одржана на XXXVII меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура (Охрид, 2004), Меѓународен научен собир Блаже Конески и македонскиот јазик (Скопје 2011), Меѓународната научна конференција „IV Меѓународен научен собир – Македонско-хрватски книжевни и културни и јазични врски (Охрид, 2013), Меѓународната научна конференција „Македонистиката меѓу традицијата и современите предизвици“ (Скопје, 2013), XLII Меѓународната научна конференција (Охрид, 2015), Меѓународната научна конференција „Минатото на јазичниот свет – денес и утре“, (Скопје, 2017), „Меѓународната научна конференција „Минатото на јазичниот свет – денес и утре“, (Скопје, 2017) и др.



Сложенките во македонските црковнословенски текстови

Сложенките во македонските црковнословенски текстови

Првите преведувачи на кои им била доделена мисијата за создавање на писмениот јазик на Словените бил..

300MKD

Покажува 1 до 1 од 1 (1 Страни)