За нас

За Вас


Во чест на љубителите на книгата и нашите верни читатели, во 2016 ја отворивме електронската книжарница www.knigadodoma.mk Сега имате можност да ја имате секоја книга што ќе ја посакате по цена еднаква на онаа во класичните книжарници. И ние сме книжарница, но од посовремен вид, сакаме да ја доближиме книгата со Вас, на начин што е вообичаен во светот. Во нашата книжарница нудиме книги од речиси сите македонски издавачи. Исто така, доколку барате некоја книга и не можете да ја најдете на нашата веб страница, слободно пишете ни, ќе се потрудиме да ја најдеме.


www.knigadodoma.mk - Најлесно до книга!!!

За нас


Knigadodoma.mk е дизајниран и отворен во организација на издавачката куќа „Бата прес“. Компанијата „Бата прес“како новинска агенција е основана 1992 година. Во почетоците дејноста беше широка. Во 1996 беше издадена првата книга. Оттогаш, па до 2011 година „Бата прес“ продолжи со издавање книги, претежно од афирмирани македонски автори и преводи на книги од соседството. Од 2011 година дојде до промена на организациската структура на компанијата и беше поставена новата мисија во која главен збор има издаваштвото. Инспирирани од вредноста на книгата, поставена е нова мисија, во која создаваме книги кои ја поврзуваат креативноста на авторите, со желбата за читање на неуморните љубители на книгата. Ние ви нудиме да влезете во еден поинаков свет, создаден од книгите. Нашата визија е да ја подигнеме свеста на младите за вредноста на книгата. Од суштинско значење на Книгоиздателството е да се издаваат книги со висок квалитет. Без разлика дали се работи за белетристика, поезија или некоја документарна книга. „Бата прес“ има визионерска цел да создаде стандард на книгите еднаков на стандардите на најуспешните светски издавачки куќи. Основач и главен уредник на „Бата прес“ од нејзиното основање е Ненад Баткоски. Главен менаџер на компанијата и на електронската книжарница knigadodoma.mk е Филип Баткоски.


Друштво за издаваштво Бата пресс милениум д.о.о. Скопје
Булевар Партизански одреди 72а/105
1000 Скопје,
Република Македонија
Телефон: +389 77 502 259
факс: 02/ 6136 289
email: contact@knigadodoma.mk